Со изведба на претставата „Сопружници“, во режија на Драгана Таневска, вечер (3 јуни) во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Народниот театар Охрид ќе одбележи 10 години од формирањето. Во претставата играат: Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Филип Кипровски.
– Сопружници претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна, е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Драгана Таневска.