Во Концертната сала при Центарот за култура во Дебар се одржа Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик „Радика-фест 2021”.
На Фестивалот, кој годинава го имаше своето 12. издание, беа исполнети 12 нови авторски композиции од изведувачи и автори од Дебар, Маврово-Ростуше, Струга, Охрид и од други градови. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година. Настанот се одржа со почитување на здравствените протоколи.