Во резиденцијата на ЕУ во Скопје е отворена уметничката изложба „Бегство“, која е продолжение на претходната изложба „Уметноста на досадата“, инспирирана од изолацијата што произлезе од мерките за КОВИД-19 во текот на изминатата година. Изложбата ја отворија амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во рамките на изложбата „Бегство“, која опфаќа дела што нудат излегување од реалноста преку неверојатна уметност, посетителите ќе можат да ги видат делата на: Стефан Маневски, Газанфер Бајрам, Доротеј Нешовски, Горан Ристевски, Зулејха Зубери Али, Софија Григоријадо, Дурмиш Ќазим, Атанас Ботев, Христијан Томаноски и Воскресија Андреевска.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 30 јуни 2021 година. Резервација на временски интервал за посета и бесплатни билети може да се добијат преку следнава платформа: https://www.eventbrite.com/e/art-of-boredom-tickets-146369080861