Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија д-р Владо Бучковски и директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев остварија работна средба со истакнати културни дејци од Република Бугарија.
Средбата се одржа на 12 јануари 2021 година во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19.
Соговорниците на оваа средба постигнаа согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека е потребно збогатување со конкретни проекти и интензивирање на средбите меѓу луѓето од областа на уметноста и културата. Беше истакнато дека преку областа на културата и контактите ќе може да се очекува најмногу позитивизам во меѓуодносите на двете држави.