Во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија вечер ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Свилен Стефанов, во рамки на проектот „Поврзување“, кој е во духот на поврзувањето на творештвата на авторите од Северна Македонија и Бугарија.
Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го добил во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ в. во Националната ликовна академија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.
По „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров, ова е втора изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија.