Д-р Ирена Стефоска ја презеде функцијата министер за култура од д-р Хусни Исмаили

од admin_kult

Во просториите на Министерството за култура денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за култура меѓу досегашниот министер, д-р Хусни Исмаили, и новоименуваната министерка за култура, д-р Ирена Стефоска.Досегашниот министер, д-р Исмаили, на новоименуваната министерка за култура ѝ пожела срдечно добредојде во Министерството за култура и многу успех во мандатот, со оглед на нејзиното претходно искуство во областа на културата и заложби во Комисијата за култура при Собранието и други тела. Исмаили посочи дека во Министерството за култура се реализираат многу проекти и, во таа смисла, ги истакна Законот за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура и донесувањето на Колективниот договор во културата како двата најважни социјални столба кои се од огромно значење за унапредување на состојбите во културата.

„Уште еднаш, сакам да Ви пожелам многу успех во иднина уверен дека нашата соработка за доброто на културата и на сите културни работници ќе продолжи преку мојата поддршка и активност како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, истакна Исмаили кој упати голема благодарност до својот тим и до сите вработени во Министерството за одличната соработка во изминатиот период.Новоименуваната министерка за култура, д-р Стефоска, истакна дека позицијата министер за култура на Република Северна Македонија ја прифаќа како голема чест и уште поголема одговорност.„Уште веднаш зборувам за одговорност и постојано ќе зборувам за одговорност затоа што ми е совршено јасно дека ние, како држава, единственото нешто со што располагаме и со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст е културата“, рече Стефоска.

Таа додаде дека нејзина задача како министерка е посветеност и заштита на културното наследство (недвижно, движно, нематеријaлно) и во таа смисла, раскрстување со варварското однесување кон културното наследство, бидејќи тоа нè носи во пропаст.„Ваквата определба и нејзината реализација подразбира едукација, вклучувањелуѓе со капацитет и знаење, подразбира вклучување на младите луѓе, подразбиранадминување на сите јазови – било да се работи за генерациски, социјални илиетнички – подразбира препознавање на една, заедничка цел. И затоа, мојата цел како министерка е да работиме на обединување на нашите знаења за да ја одржиме таа витална врска на нашиот културен амалгам, на нашето заедничко наследство, со современите и иднините културни, образовни, естетски, па дури и економски практики. Таа врска мораме да ја одржиме од едноставна причина што таа нè прави она што сме“, потенцираше новоименуваната министерка за култура, д-р Ирена Стефоска.

Министерката за култура своето прво обраќање пред новинарите го заврши сомислата на историчарот Јохан Хојзинга кој подвлекол дека „Ако сакаме да ја сочуваме културата, мораме да продолжиме да ја создаваме“.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе