Од 14 до 16 ноември во Велес се одржуваат 57. Детски Рацинови средби во чест на бесмртниот, Црвен поет, Коста Апостолов Солев Рацин.
Во рамките на програмата ќе бидат реализирани повеќе активности кои вклучуваат голем број учесници: ученици, наставници, автори и издавачи. Манифестацијата има меѓународен карактер, а ќе присуствуваат учесници од Република Хрватска и од Република Србија.
По повод 57. Детски Рацинови средби, беа распишани меѓународен поетски конкурс, ликовен конкурс и конкурс за ИКТ-проекти, на тема: „Мене и душата ми е црвена“. Се одржуваат и натпревар во ораторство и рецитаторски натпревар.
Детските Рацинови средби ќе завршат со свечено доделување на наградите на најдобрите учесници кои учествуваа на конкурсот.