Во Националната галерија, објект Чифте амам, на 1 февруари 2024 година во 19:30 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на Ангел Димовски- Чауш под наслов „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција.
Делата на Ангел Димовски-Чауш, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.
Изложбата ќе биде поставена до 20 февруари 2024 година. Куратор е Љупчо Маленков, а соработник куратор е Горанчо Ѓорѓивески, кустос во Националната галерија.