„Џез фабрика фестивал“ – Битола, дел од Светската мрежа на арт-фестивали

од admin_kult

„Џез фабрика фестивал“ – Битола е зачленет во Светската мрежа на арт-фестивали, основана во 2017 година со мисија за зајакнување на глобалната културна размена, културна соработка, учење и споделување искуства.

Одлуката за прием на битолскиот фестивал е донесена на Меѓународната конференција што се одржа во Шангај, Кина.

Во рамките на Конференцијата, видеопрезентација за фестивалот и за Општина Битола приреди директорот на ЏФФ, професор м-р Сашо Поповски, кој ги запозна присутните седумстотини делегати со формата, моделот и реализацијата на фестивалот, како и со можностите за културна соработка на Општина Битола со другите фестивали и градови претставувани од делегатите учесници на Конференцијата, соопштија од ЏФФ – Битола.

На Конференцијата во Шангај учествуваа и „Божар“ – Белгија, „Делхи интернационален арт-фестивал“ – Индија, „Зимски интернационален фестивал Сочи“ – Русија, „ИХРА“ – Саудиска Арабија, „Преформинг арт-митинг“ – Јокохама Јапонија и други.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе