Во просториите на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Националниот џез-оркестар денеска со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт со наслов „Џез нова“ (Jazz Nova).
На програмата се композиции за биг бенд од домашни автори од различни генерации.
Концертот е прв од низата концерти што ќе бидат изведени во текот на годината од страна на Оркестарот во градовите низ Македонија. Целта на овие концерти е да се допре до публиката која не е сконцентрирана во главниот град, а е желна да слушне и да ужива во квалитетна музика и изведба.