Под мотото „Копање емоции низ времето“ денеска (15 август), во 20:30 часот, во Куршумли ан ќе биде отворено јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Програмата на отворањето содржи проекција на два документарни филма: краткиот филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт.
По филмските проекции, во рамките на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, во Куршумли ан концерт ќе има Зарина Првасевда, а првата вечер ќе заврши со диџеј сет на Ишјан Твин.
Фестивалоткој ќе трае до 22 август, а ќе се одржува во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и во новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.