Во Камерната сала на Филхaрмонијата, утре (12 јуни) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи јубилејното 10. издание на „Виолин фест“, фестивал што ги слави виолината како инструмент и младите таленти.
На фестивалот ќе настапат ученици од музичките училишта од земјава, како и од Србија и од Кралскиот колеџ од Лондон.
Во придружба на Марија Вршкова на пијано, младите виолинисти ќе изведат дела од Крајслер, Паганини, Шуплевски, Зографски, Сарасате и други.
Истовремено, „Виолин фест“ го одбележува јубилејот 90 години од раѓањето на македонските композитори Драган Шуплевски и Томислав Зографски.
Организатор и уметнички раководител на „Виолин фест“ е еминентниот виолинист и концерт-мајстор на Националната филхармонија, Владимир Костов, кој посочи дека намерата е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од земјава, без разлика на нивната возраст.
„Виолин фест“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.