ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

од admin_kult

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.139/2020), Министерството за култура објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ДОСТАВУВАЊЕ БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ

НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

  1. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е доделување на финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, за месеците април и мај 2020 година.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик има уметник или друго физичко лице кое самостојно врши дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор е ангажирано во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата.

III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Уметникот или друго физичко лице кое самостојно врши дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор е ангажирано во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата може да биде корисник на финансиска поддршка ако ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република СевернаМакедонија и
  • самостојно или преку авторски или друг вид на договор, учествува во реализација на проект поддржан на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година, или во реализација на проект поддржан од меѓународни фондови, односно меѓународни организации, а кој е откажан поради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.
  1. ДОКУМЕНТИ

Со цел за добивање на финансиска поддршка уметникот или друго физичко лице кое самостојно врши дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор е ангажирано во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата треба да ги достави следните документи:

  • Барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба; и
  • Изјава за исполнетост на условите за добивање на финансиска поддршка
  • Договор склучен со Министерството за култура, односно со меѓународна организација/меѓународен фонд за проектот кој е откажан.
  1. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО И РОКОВИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
  • Барањето и изјавата, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на овој јавен повик.
  • Барањето и изјавата задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура kultura.gov.mkи се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува од овластено лице и се доставува во печатена форма во Министерството за култура.
  • Барањето со потребната документација се доставува до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16:00 часот во работните денови.
  • Крајниот рок за доставување на барањата е 16 јуни 2020 година.
  • Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
  1. ИЗВЕСТУВАЊЕ И НАЧИН НА ИСПЛАТА

За користење на финансиската поддршка уметниците и другите физички лица кои самостојно вршат дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата ќе бидат известени во согласност со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.139/2020), која е објавена на веб страницата на Министерството за култура.

БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА УМЕТНИЦИ И  НА ДРУГИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ИЗЈАВА ЗА ИСПОЛНЕТОСТ НА УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе