Шпанска вечер на „Охридско лето“

од admin_kult

Четиринаесеттиот ден од годинашното издание на „Охридско лето“ е резервиран за Шпанска вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано-придружба на нашиот Андреја Наунов.

Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуелскиот град Баркисимето, а бил студент во класата на професор Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуела, започнува богатата интернационална кариера на Мачадо. Покрај кариерата во Шпанија, тој настапува во многубројни оперски куќи, меѓу кои се националните театри во: Рим, Верона, Неапол, Вашингтон, Лос Анџелес, како и Миланската скала.

Пијанистот Андреја Наунов е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и многубројни солистичĸи рецитали, настапи со Националната филхармонија и со Орĸестарот на НОБ. Меѓу позначајните настапи се турнеите со неговиот професор Симон Трпчесĸи.

На програмата се популарни песни од Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии од Алберто Гинастера, потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни од Антонио Естевез. За Шпанската вечер е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе