На археолошкиот локалитет „Стоби“, под водство на Томе Филов, конзерватор реставратор за мозаик, во тек е школа со практична настава и конзерваторски активности на подните мозаици во Епископската резиденција во Стоби во рамки на превентивните конзерваторски интервенции што се предвидени за мозаичките фрагменти.
Претходно Филов и д-р Мишко Тутковски, виш документатор, двајцата вработени во НУ Стоби, преку своите предавања ги запознаа учесниците на школата со историјата на археолошките ископувања во Стоби, како и со реализираните проекти од областа на заштитата на културното наследство.