Четврто издание на меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ во Струга

од admin_kult

Во Струга во тек е Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“  што ќе трае до до 31 август.

Како што информираат организаторите од организацијата „Локомотива“ четвртото издание на школата нуди уникатна платформа за реобмислување на кураторските практики во современата уметност и пошироко.

Овогодинешното издание брои седум учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и колаборативни проекти, а предавањата ќе бидат отворени за јавноста.

Паралелно со летната школа, Локомотива ќе биде домаќин и на Модуларното училиште, организирано во соработка со „Номад танц академија Хрватска“ со која учесниците ќе имаат размени.

Модуларното училиште е програма фокусирана на полето на изведувачките уметности и современиот танц и обединува пет учесници кои ќе се вклучат во збогатена размена на идеи и практики со учесниците на летната школа.

Покрај работилниците и предавањата, учесниците ќе се вклучат во колаборативни проекти, индивидуална работа и посети на културно значајни места како што е селото Вишни, во организација на ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ 2024 година е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институт – Скопје, Фондацијата Хајнрих Бол и Performance Situation Room / LLB 3 проектот поддржан од Креативна Европа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе