Во Галеријата MC во Њујорк денеска, 2.11.2023 година (четврток), во 18:00 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска.
Христина Зафировска, преку своите дела, на апстрактен и сликовит начин ги прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.
Зафировска досега реализирала повеќе индивидуални проекти, кои се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција и во повеќето градови во земјава.
Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, а во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Њујорк.