Француската издавачка куќа „Галимар“ ја објави „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

од admin_kult

Француската издавачка куќа „Галимар“ го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“ од писателката и универзитетска професорка Румена Бужаровска.

Француското издание на „Не одам никаде“ од Бужаровска следува откако претходно „Галимар“ ја издаде и „Мојот маж“, додавајќи го своето издание на листата од петнаесет преводи на збирката што оствари и шест театарски продукции во земјава и во странство.

Од издавачката куќа „Три“ информираат дека „Не одам никаде“, по изданијата во САД, Турција, Унгарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и во Франција, во март ќе добие и шпански превод во издание на „Импедимента“, додека, пак, „Мојот маж“ го очекува и својот бразилски превод во издание на „Тодавиа“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе