Фламенко-балетот „Луксурија“ од Барселона вечер во 21 часот ќе биде изведен на Античкиот театар во Охрид во рамките на Фестивалот „Охридско лето“.
Под кореографското водство на Давид Гутјереж, кој досега има режирано повеќе успешни претстави, „Луксурија“ е сосема ново шоу кое гарантира дека ќе ја остави публиката без зборови и ќе остане долго време во сеќавањата на гледачите – најавуваат организаторите.
Кореографијата е на Гутјереж и Паула Рејес во специјална соработка со Тања Мартин, Карлос Ромеро и Кости ел Чато. Драматургијата е на Гутјереж и Рејес, кои се и главни танчари.
„Луксурија“ истовремено е модерна, но традиционална, музиката е синтеза од класика, џез и конвенционална фламенко-музика.