„Филхармонија на кирилица“, оркестарот ќе свири симфониска музика

од admin_kult

На концертот „Филхармонија на кирилица“ во Скопје, што ќе се одржи на 23 јануари од 20 часот, нема да свири пијанистката Нина Костова, која го откажа својот настап од  здравствени причини.

„Сите кои имаат купено билети за првичната програма на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концерт, можат да ги вратат на билетарницата на Филхармонијата. Поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел, без пауза“, велат од Филхармонијата.

На програмата се Симфонија бр. 2 во Ц-мол, оп. 29, од рускиот композитор Александар Скрјабин и увертирата од операта „Хованшчина“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Ќе диригира маестро Борјан Цанев.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе