Филхармонијата ќе одржи концерт со македонскиот солист Здравко Ангелов

од admin_kult

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“.

На концертот „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе