Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на „Кнежев двор“.
Солистка ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концерт-мајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот Борјан Цанев.
На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.
Концертот на Националната филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програма на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.