Оркестарот на Националната филхармонија вечер (18 септември) со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во рамките на 47. издание на фестивалот „Денови на македонската музика“. На програмата се дела од Томислав Зографски, Панде Шахов, Дамјан Темков, а премиерно ќе бидат изведени и дела од Јана Андреевска и Бојана Петровиќ Алексова. Диригент е маестро Томас Херцог од Швајцарија.