Филмот „Убиј ги прво децата“ во киното „Мис Стон“ во Прилеп

од admin_kult

Вечер (26 ноември) во 19:00 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец.

Во филмот играат: Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукцијата е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографијата е на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска.

Филмот  „Убиј ги прво децата“ имаше светска премиера на  30. Филмски фестивал во Сараево, а беше прикажан и на затворањето на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе