Филип Стевановски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, е еден од загинатите во трагичната несреќа

од admin_kult

Филип Стевановски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, е еден од загинатите во трагичната несреќа која настана по избувнување пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Иако неговиот мандат како директор беше краток, само два месеца, Филип со својата посветеност и професионализам остави значајна трага. Тој беше многу повеќе од директор – беше и продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, а неговиот талент беше вистинска инспирација за сите нас. Како наставник и ментор, неговото влијание ќе продолжи да живее во срцата на сите што имаа чест да учат и да работат со него“, напиша министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на својот фејсбук-профил.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе