Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи четиридневниот Фестивал на перформансот.
„МСУ – Скопје фестивал на перформансот 2024“, кој содржи две програми, е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката практика на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и од меѓународните сцени. Главната програма е тридневен настан со наслов „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија“ раководен од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров, кој се состои од проекции, предавања и перформанси.
Дополнителна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма „Вила 31“ во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI).
Фестивалот е второто поглавје од европската програма „Култура. ЕУ Балкан (2022 – 2024)“, чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители меѓу Западен Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања.
Влезот е слободен.