Фестивалот „Мајски оперски вечери“ носи спој на традиција и врвна уметност

од admin_kult

Престижниот меѓународен фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ традиционално ќе почне на 9 мај, а ќе трае до 31 мај. Во рамките на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите и грандиозни оперски и една балетска претстава со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти.

Со палење на фестивалскиот оган во Македонската опера и балет на 9 мај, со почеток во 20 часот, 53-тото издание на фестивалот ќе биде отворено со премиера на една од најубавите музички драми во оперската литература „Риголето“ од Џузепе Верди.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе