Уметноста на Анета Светиева изложена во Даут пашин амам

од admin_kult

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашини амам вчера беше отворена ретроспективната изложба на уметницата Анета Светиева, една од најзначајните македонски современи уметници.

Пред многубројните гости меѓу кои и претседателката Гордана Силјановска Давкова пред присутните се обрати државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова.

Чест е и привилегија е, рече Ѓоргова,  да се присуствува на  изложба на Анета Светиева,  уметница која има исклучително значајна улога во современата македонска уметност.

„Анета не е само скулпторка. Таа е раскажувач преку форма, сведок на времето и чувар на длабоките културни слоеви што го обликуваат нашиот идентитет. Нејзиниот творечки пат започнува во шеесеттите години на минатиот век, но и денес нејзината уметност зрачи со свежина, длабочина и духовна сила. Секогаш верна на својот внатрешен глас, таа не следи трендови, туку создава светови. Нејзините дела зборуваат за корените, за обичаите, за митологијата – не како носталгија, туку како жив дијалог со современост“, рече Ѓоргова.

Анета Светиева ја претставуваше Македонија и на најпрестижната меѓународна сцена – Венецијанското биенале, каде што беше препознаена по својот автентичен и длабоко човечки израз.

Изложбата беше збогатена и со монографија издадена од Националната галерија, а подготвена од Викторија Васева-Димеска со која како што рече Ѓоргова, се заокружува творештво кое заслужува да биде чувано, славено и пренесено на идните генерации.

Изложбата ќе трае до 31 август.Ви благодарам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе