Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинашната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.
На програмата на вечерашниот концерт, кој ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21:00 часот, се дела од: Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и Де Сарасате како композитори од Шпанија.