Три признанија на бугарските театарски награди за копродукцијата „Без крв“ на Велешкиoт театар и Театарот од Пловдив

од admin_kult

На годинашната свеченост на театарските награди „АСКЕЕР“ во Бугарија, претставата „Без крв“, копродукција на Драмскиот театар од Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, ја освои наградата за најдобра претстава на професионалниот театар во Бугарија.

Диана Добрева беше наградена за најдобра режија, а Раде Василев и Елена Вангеловска ја добија наградата за најдобра костимографија. Композиторите Сашко Костов и Јавор Карагитлиев беа номинирани во категоријата оригинална театарска музика, а Валентин Светозаров за најдобра сценографија.

Наградите „АСКЕЕР“ се доделуваат од 1991 година.             Во претставата, која е работена по текст од Александар Барико, играат актерите од Велешкиот театар: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Исидор Јованоски и Филип Христовски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе