Во организација на културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и младинскиот културен центар „Козјак“ од Куманово, од денеска до четврток, во Куманово ќе се одржи третиот Меѓународен фолклорен фестивал.
Фестивалот ќе почне во 18 часот со дефиле низ градските улици, а свеченото отворање е во 19.30 часот на платото пред Центарот за култура во Куманово. На трите фестивалски вечери ќе настапат десет ансамбли од земјава и странство. Пред кумановската публика ќе се претстават гости од Мексико, Полска, Србија и Бугарија, како и ансамбли од Скопје, Кратово и Куманово.
Фестивалот се релизира со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура.