Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечер (14 јуни) со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2024“.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени околу 40-ина дела во форма на слики, цртежи и скулптури изработени од 22 автори.
Изложбата, која ќе биде поставена до 26 јуни, се реализира со поддршка од Министерството за култура.