Традиционален велигденски концерт на „Танец“ в среда во МОБ

од admin_kult

Во пресрет на Велигден, в среда (16 април) во 20 часот Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, традиционално, со спектакуларен концерт во Националната опера и балет, го одбележува овој верски празник, длабоко вкоренет во македонската духовна и културна дефиниција.

Во програмата се најавени изведби на стилизирани кореографии на ората „Мијачко“, „Поречки игри“, „Кавадарка“, „Преспански игри“, „Драчевка“, како и изведба на „класични“, изворни народни песни од солистите Сузана Спасовска, Драган Николовски, но и машки и женски вокални групи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе