Пласидо Доминго, шпанскиот тенор со светска слава синоќа имаше прием во Владата каде што беше пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Доминго во Скопје ќе настапи вечерва во 21:00 часот во салата „Борис Трајковски“ заедно со оркестарот на Националната опера и балет и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.