Претставата „Така зборуваше Гертруда“ од Миа Николоска премиерно ќе биде изведена вечер во Драмскиот театар во Скопје на отворањето на новата сезона. Режисер на претставата е Ангелчо Илиевски, а во насловната улога е Соња Стамболџиоска.
„Така зборуваше Гертруда“ е драма која како главна тема ја обработува правдата и што значи таа за секого во еден судски спор.
Другите улоги ги толкуваат: Григор Јовановски, Стефан Вујисиќ, Трајанка Илиева-Вељиќ, Дамјан Цветановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Ана Димитрова, Анастас Тановски и Емилија Мицевска-Трајковиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Дарија Андовска.