Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“.
На Саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени.
По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици, како и современи белетристички дела од светски и од домашни автори. Доколку купите две книги, НУБ „Св. Климент Охридски“, како организатор, ќе ви подари уште една книга по ваш избор.
За време на Саемот, Б иблиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени.
Саемот се организира со почитување на мерките предвидени со протоколите за организирање настани од културата.