Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска

од admin_kult

Во галеријата „Метаноја“ вечер ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска.

Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Kапушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.

Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Метафора – Жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе