Стих од песна на писателката Лидија Димковска е годинашното мото на претставувањето на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“ на Саемот на книгата во Лајпциг, што е во тек.
Како што соопшти авторката, станува збор за стихот „јазикот, пасошот и две-три фотографии“ од песната „Земјата што се распаѓа“ од поетската збирка „Гранична состојба“ на Димкoвска, за која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021 година, а наредната година ќе излезе и на германски во препев на Александер Зицмен.
Песната „Земјата што се распаѓа“ беше неодамна објавена во австриското списание „Лихтунген“ посветено на современата македонска книжевност.