Во Археолошкиот музеј на Северна Македонија, од вчера до 25 ноември годинава ќе биде отворена изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања“.
Првите систематски археолошки ископувања на античкиот град Стибера ги спровел Археолошкиот музеј во Скопје во 1953 година. Археолошките истражувања продолжуваат во 1959 г. и до денес ги води Заводот и музеј од Прилеп.
Историјата на Стибера, преку пронајдените археолошки предмети, со оваа изложба за првпат интегрално се претставува пред пошироката јавност како соработка меѓу двете установи што ја истражувале.
Изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања“ е финансиски поддржана од Министерството за култура преку Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година.