„Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship“ ќе се одржи од 16 до 18 мај на улица „Македонија“ со почеток во 18:30 часот.
По должината на улица „Македонија“ ќе бидат поставени десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски. Проектот, кој го реализира „Театроск“ од Скопје, е поддржан од Министерството за култура.