Заменик-министерот Даим Лучи деновиве престојува во посета на Република Турција каде што како член на владината делегација присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“.
Во рамките на посетата, Лучи оствари средби со нашите иселеници во Измир и во Маниса, општини Каршијака и Јунус Емре.
За време на средбите, заменик-министерот Даим Лучи изрази благодарност за придонесот на нашите иселеници во унапредувањето на релациите меѓу двете земји како на државно така и на локално ниво.