Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Србија во нашата земја, Невена Јовановиќ.
На средбата со амбасадорката Јовановиќ беа потенцирани одличните односи во областа на културата, кои досега резултираа со огромен број проекти и иницијативи. Во тој контекст беше потенцирано дека од исклучителна важност е и отворањето на културни центри во Република Северна Македонија и во Република Србија.
На средбата се разговараше и за развој на туризмот, особено транзитниот туризам, како и за вмрежување на двете држави во туризмот преку културата. Во тој контекст, амбасадорката упати отворена покана до министерот Љутков за средба со неговиот српски колега, министерот за култура Никола Селаковиќ.
Амбасадорката Јовановиќ ја искористи можноста да упати покана до министерот Љутков и за присуство на Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ од 22 до 24 ноември во Белград, како и покана за негово присуство на Српската вечер во рамките на Фестивалот „Охридско лето“.