Средба на министерот Љутков со новоименуваната амбасадорка на Јапонија, Кавахара

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во исклучително пријатна и конструктивна атмосфера, се сретна со новоименуваната амбасадорка на Јапонија  во Република Македонија, Сецуко Кавахара.

На средбата, соговорниците ја оценија досегашната соработка како одлична и интензивна при што беше нотиран големиот успех во приближувањето на културите на двете земји особено по потпишувањето на Меморандумот за соработка.  Министерот Љутков и амбасадорката Кавахара се согласија дека е тоа силен импулс во продлабочувањето на културните врски меѓу двете земји и дека во наредниот период ќе се организираат повеќе настани и иницијативи.

Министерот Љутков со големо задоволство го потенцираше претставувањето на нашата земја на „Експо Осака 2025“, во чии рамки и во мај и во септември годинава ќе бидат претставени неколку културни содржини преку настапи на етаблирани ансамбли и уметници од државава.

Притоа амбасадорката Кавахара оцени дека Меморандумот за соработка е одлична база за промоција на културата и очекува со особен  интерес да биде проследено претставувањето на македонските уметници во Осака.

На крајот, министерот Љутков ѝ посака успешна дипломатска мисија на новата амбасадорка Кавахара и изрази уверување дека  пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу двете земји ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе