Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со Бјорн Габриел, преставник на Европската инвестициска банка во Скопје.
На средбата, Љутков и Габриел разговараа за тековните проекти на ЕИБ во земјава, како и за можностите за идна советодавна и инвестициска поддршка за културата и туризмот. Во тој контекст беше отворена и темата за рехабилитација на Шалтер-салата во Централната пошта на Македонија и нејзина пренамена во мултуфункционален простор за културни и социјални настани.
Министерот Љутков изрази благодарност за посветеноста и за поддршката на Европската инвестициска банка во спроведувањето проекти и програми во Македонија, а во рамките на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан.