Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски.
На средбата министерот Љутков и Селковски разговараа за предизвиците со кои се соочуваат слепите во државава, за активностите за заштита на нивните права, како и за начините за подобрување на квалитетот на нивниот живот во сите сегменти од општеството.
Министерот Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува посветено на инклузијата на лицата со посебни потреби за нивно целосно учество во културниот живот, како и на подобрување на условите за пристап до установите од областа на културата.