Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри.
Стефоска изрази надеж дека одличните културни врски меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат.
Соговорниците ја истакнаа и важноста од поскоро потпишување на петтата Програма за соработка во областа на образованието, културата и науката за 2021-2024 и беа договорени итните чекори за нејзина реализација.
На средбата се разговараше и за соработка со Италија, како земја лидер во областа на конзервацијата и реставрацијата на културното и архитектонското наследство, со кадри, обуки и техничка помош. Беше реафирмирана идејата за продолжување со онлајн обука на кадри во борбата со нелегалната трговија на културни добра.
Министерката Стефоска и амбасадорот Силвестри се согласија дека соработката треба да се интензивира и преку европските механизми и програми, како и преку УНЕСКО.