Заменик-министерот за култура на Република Северна Македонија, Даим Лучи, денеска престојуваше во Приштина, Република Косово, каде што оствари средба со министерот за култура Хајрула Чеку.
На средбата во Министерството за култура се разговараше за значењето на заедничката соработка во делот на заштитата на културното наследство на Музејот на албанската азбука во Битола, за иницирање и координација на повеќе заеднички културни активности, како и за координација во повеќе други сегменти од областа на културата, со што дополнително ќе се зацврстат односите меѓу двете земји.
Беше договорена и континуирана меѓуинституционална комуникација во интерес на вистинските културни вредности.