Специјалната Стериина награда за „Народен пратеник“ на МНТ на 70. „Стериино позорје“ во Нови Сад

од admin_kult

Ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонскиот народен театар, ја доби специјалната Стериина награда за колективна актерска игра на 70. „Стериино позорје“ во Нови Сад, што се одржа од 26 мај до 3 јуни.

Одлуката е донесена едногласно на завршната седница на жири-комисијата на годинашниот театарски фестивал, во состав: Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател. Годинава, 70. „Стериино позорје“ се одржа под мотото „Создавање историја /менување на иднината“.

Инаку, во претставата игра веќе докажаната актерска екипа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

– Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група што комуницира преку заедничка душа и каде што сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде му е местото на МНТ во театарот на овие простори и, по подолго време, го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал – велат оттаму.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе