Со проекција на култниот филм „Ради радови“ на Желимир Жилник, вечер (31 мај), со почеток во 21:00 часот, Кинотеката го отвора Летното кино. Следната вечер, 1 јуни (четврток), во 21:00 часот ќе биде прикажан и документарецот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, посветен на еден од најангажираните творци на поранешната југословенска кинематографија.
Од Кинотеката најавуваат дека Жилник и Баљак ќе присуствуваат на проекцијата и публиката ќе има можност да разговара со нив.
„Жилник беше гостин на Кинотеката во 2008 година, кога беше прикажан дел од неговиот исклучителен опус. Петнаесет години подоцна, еве го Жилник потворно како гостин во Кинотеката, на отворање на летното кино“, нагласуваат од Кинотеката.