Новата сезона во Драмски започнува вечер со претставата „Мојот маж“. Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на Меѓународниот театарскиот фестивал „Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора, каде што за оваа претстава ја доби наградата „Актерска бравура“.
Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, а драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.
По премиерата во 2020 година, претставата „Мојот маж“ е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена. На Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во 2021 година претставата доби 4 награди, а Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.